Перез ја искористи катастрофата на Верстапен, прв стартен ред и за Алонсо

Трката за Големата награда на Саудоска Арабија во Џеда ќе биде навистина возбудлива, барем ако се земе в предвид најавата за истата. На квалификациите дојде до изненадување, Серхио Перез ја освои пол позицијата, користејќи ја ситуацијата на тимскиот колега Макс Верстапен кој имаше дефект. 

Мексиканецот го извозе најбрзиот круг со 1:28,265 во третиот круг на квалификациите, оставајќи ја конкуренцијата зад себе. Второ најбрзо време имаше Шарл Леклер, кој доцнеше 0,155 секунди, меѓутоа ќе тргне десет места подолу поради казната за промена на дел од погонската единица. Овој податок значи дека од првиот стартен ред ќе тргне искусниот возач Фернандо Алонсо. Астон Мартин одново покажа завидно темпо, а искусниот Шпанец го користи секој атом на силата на болидот. 

Зад Алонсо се пласира Џорџ Расел, па следеа Карлос Саинц, Ленс Строл, Естебан Окон, Луис Хамилтон, Оскар Пиастри и Пјер Гасли. Верстапен утре ќе тргне од петнаестото место, бидејќи на стартот на вторите квалификации му откажа моторот, па не можеше да забележи време.

Втората сезонска трка се вози утре на патеката во Џеда во терминот од 18:00 часот.