• Иван Димовски
Серхио Перез по една година пауза по завршувањето на ангажманот во Ред Бул во 2026 ќе се врати на гридот и ќе вози за новоформираниот Кадилак. Мексиканецот во минатото покажа некои добри резултати, а авантурата во австрискиот тим не му заврши најславно. Сега тој зборуваше за притисокот да се вози покрај Макс Верстапен.
„Да се биде тимски колега на Макс Верстапен е предизвик. Сепак, тоа е и најлошата работа во Формула 1. Сè беше во ред во Ред Бул. Ако бев побрз од Макс, тоа креираше напнатост. Ако бев побавен исто така беше проблем. Ги разбирав условите во кои морав да работам и наместо да се жалам, се обидов да ја искористам ситуацијата на најдобар можен начин.
Знаев во што се впуштам кога потпишав. За време на мојот прв разговор со Кристијан Хорнер тој ми кажа отворено, се тркаме со два болиди, ама овој проект е дизајниран за Верстапен. Всушност, Макс е одлична личност, ама кога е зад воланот се трансформира“, изјави Перез.
Во својата кариера Перез тргна во Формула 1 преку Заубер, потоа беше дел од Мекларен и Форс Индија (подоцна Рејсинг Поинт), а во 2021 година дојде повикот од Ред Бул.