• Саше Љолес
Франческо Пеко Бањаја на маестрален начин ја започна новата сезона во Мото ГП шампионатот и славеше на премиерната трка која се возеше за Големата награда на Катар.
Од самиот старт се виде дека Бањаја има намера да ја одбрани титулата во „кралската“ класа и доминираше до финишот, оставајќи ги зад себе Бред Биндер и Хорхе Мартин.
Бањаја извозе во шампионски манир и постави одлично време од 39:34,869 минути, што покажува дека со неговиот Дукати ќе биде страв и трепет за противниците и во штотоку започнатата сезона.
Големо внимание на оваа трка предизвика и дебитот на Марк Маркез во моторот на Дукати, а славниот Шпанец на крајот го освои четвртото место.