• Саше Љолес
Италијанскиот возач Франческо Пеко Бањаја е победник на трката за Големата награда на Каталонија во Мото ГП шампионатот.
Мотоциклистот на Дукати зад себе го остави лидерот во генералниот пласман, Хорхе Мартин од Прамак Дукати и Марк Маркез од тимот на Гресини. Бањаја на најдобар можен начин го поправи впечатокот после вчерашната грешка и падот во спринтот. Рано ја презема лидерската позиција, но потоа беше престигнат од Мартин и од Педро Акоста.
Бањаја и Акоста водеа голема борба, но пресудно беше искуството на Италијанецот, кој потоа успеа да го мине, а клучниот исчекор го направи на шест круга до крајот, кога успеа да го претекне и Мартин, со што си ја обезбеди победата во Каталонија.
На крајот Бањаја ја мина целта со скоро две секунди подобро време од Мартин и сосема заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. Во генералниот пласман Хорхе Мартин е лидер со 135 бодови, втор е Марк Маркез со 98, Енеа Бастианини има четири помалку, додека Пеко Бањаја сега има вкупно 91 бод.
Вреди да се истакне и одличниот настап на Марк Маркез, кој со неверојатен настап обезбеди место на подиумот, иако стартуваше од 14. позиција.