Пеко Бањаја има нов тим, познат е и неговиот наследник во Дукати

Дукати официјално потврди дека Педро Акоста ќе го замени Франческо Бањаја во фабричкиот тим, додека италијанскиот возач кариерата ќе ја продолжи во Априлиа.

Со овој потег завршува успешната етапа на Бањаја во Дукати, тим со кој ги освои титулите во Мото ГП и се етаблираше како еден од најдобрите возачи во шампионатот. Неговиот нов предизвик ќе биде Априлиа, која добива големо засилување во пресрет на следната сезона.

На неговото место пристигнува 22-годишниот Педро Акоста, кој потпиша двегодишен договор со Дукати. Шпанецот важи за еден од најголемите таленти во Мото ГП, а досега има 13 подиуми во 49 настапи во кралската класа. Во тековната сезона се наоѓа на шестото место во генералниот пласман со 132 бодови.

Од Дукати порачаа дека изборот на Акоста е логичен чекор, посочувајќи ги неговите успеси во Мото3 и Мото2, како и признанието за дебитант на годината во Мото ГП во 2024 година.