• Мартин Танасковски
Потенцијалното враќање на Себастијан Фетел во тимот на Ред Бул, но во улога надвор од болидот, сепак нема да се реализира. Како што потврди Хелмут Марко за „F1 Insider“, разговорите за ангажман на поранешниот четирикратен светски шампион на раководна позиција се прекинати и нема да продолжат.
Во почетокот на годината, Марко јавно го посочи Фетел како свој идеален наследник на чело на програмата за млади возачи во Ред Бул – проект преку кој беа откриени бројни таленти, меѓу кои и самиот Фетел. Иако во еден момент двајцата навистина разговарале за таа можност, не дошло до формални преговори или конкретна понуда.
Фетел, кој се повлече од Формула 1 во 2022 година, повеќепати изрази интерес да остане активен во светот на мотоспортот, но очигледно засега нема планови за директно вклучување во структурата на Ред Бул.