Ожие победи на мексиканското рели и го презеде водството во генералниот пласман

Себастиен Ожие е победник на релито во Мексико, откако неговиот главен ривал Крис Мик не успеа да се закани, па дури и ја загуби втората позиција подоцна од Дани Сордо. На четвртата позиција заврши возачот на Хјундаи, Андреас Микелсен, а легендарниот Себастиен Леб го освои петтото место. 

Победникот во WRC2 категоријата, Понтус Тајдеманд ја освои седмата позиција и е најголемо разочарување на релито.

Во генералниот пласман, Ожие води со 56 поени, само четири повеќе од Германецот Тјери Невил, а трет е Микелсен од Норвешка со 35 поени.