Ожие по голема драма шести пат по ред најдобар во Монте Карло

Францускиот возач Себастијан Ожие во својот Цитроен е победник на релито во Монте Карло, првата станица од новата сезона на натпреварувањето.

Победникот се реши во вистинска драматична завршница, а на крајот Ожие мина преку целта со предност од само 2,2 секунди пред ривалот Тиери Невил. Со триумфот во Монте Карло, Цитроен ја запиша 100. победа во историјата на ВРЦ.

Третата позиција на релито во Монте Карло му припадна на От Танак со Тојота Јарис. Со триумфот во првата трка, Ожие има 29 бода, додека по него следат Невил со 21 и Танак со 17 бода.