Откриени платите на Ф1 ѕвездите: Хамилтон на врвот пред Фетел, Рикардо, Верстапен...

Луис Хамилтон

Пред новата сезона во Формула 1 во јавноста се споделени платите на пилотите кои ќе бидат дел од овогодишниот шампионат.

На врвот очекувано е шампионот Луис Хамилтон кој од Мерцедес добива 49,8 милиони годишно. Зад него е Себастијан Фетел од Ферари со 39,3 милиони, а потоа следуваат Даниел Рикиардо од Рено со 14,8 милиони, Макс Верстапен од Ред Бул со 11,8 милиони, Валтери Ботас од Мерцедес со 7,4 милиони...

Интересна е разликата меѓу двата пилоти на Ферари. Младиот Чарлс Леклерк ќе добие само три милиони во новата сезона, а заработката ќе може да ја поправи наредната година доколку задоволи со своите изданија.

Најмалку ќе заработи возачот од Тајланд во редовите на Торо Росо, Аександер Албон, кој ќе инкасира скромни 149.000 евра.