• Сашо Поповски

Претседателот на организацискиот одбор на ГН на Канада, Франсоа Демонтие, денес ја потврди веста, која излезе во медиумите пред неколку дена, дека долговите на одборот се високи.
„Точно е. Тоа можам да ви го потврдам. Оваа сезона беше тешка и покрај зголемувањето на продажбата на билети. Нашиот долг не е невообичаен и не ни е ни прв пат ова што ни се случува. Не сум загрижен, но можам да ви кажам дека загриженоста беше поголема пред две или три години. Сепак, се надевам на добри вести и на пронаоѓање на решение до крајот на оваа година“ , изјави Демонтие.
Претходните години, организатор на трката беше Норманд Лего, кога сите добавувачки долгови беа исплаќани навреме.