• Иван Димовски

Македонскиот мото-крос возач Христиан Илиоски - Кико беше пречекан во просториите на Општина Битола, каде што го дочека градоначалникот Тони Коњановски.
Илиоски доби честитки и најавена поддршка од страна на локалната битолска власт. Градоначалникот му соопшти на мото-крос возачот дека ќе добие финансиска поддршка во висина од 150.000 денари насочени кон Мото-клубот „Пелистер“ со цел Илиоски да може да продолжи да биде конкурентен на балкански и европски натпревари.
Инаку, Христијан Илиоски сезонава во Европскиот БМУ шампионат го освои првото место и златниот медал по 12 одржани натпревари. Тој е еден од најдобрите репрезенти на Македонија во овие спортови, со многу успеси низ годините наназад.