ОФИЦИЈАЛНО: Сите места се пополнети, познат Ф1 гридот за 2022 година

Со доаѓањето на Гуанју Жу во Алфа Ромео, се комплетираше гридот за сезоната 2022 во Формула 1. Со неколку промени, барем засега повеќе нема слободни седишта во десетте тимови кои се натпреваруваат. 

Алфа Ромео беше најактивен тим, освен пензионирањето на Кими Раиконен реши да го замени и Антонио Џовинаци. Така, во тимот пристигнаа Валтери Ботас и Гуанју Жу. Испразнетото место во Мерцедес по заминувањето на Финецот ќе го пополни младиот Џорџ Расел, а кам-бек во Ф1 ќе има Алекс Албон и ќе вози во Вилијамс. 

  • Сите парови за новата сезона во Формула 1:

Мерцедес АМГ: Луис Хамилтон, Џорџ Расел
Ред Бул: Макс Верстапен, Серхио Перез
Мекларен: Ландо Норис, Даниел Рикиардо
Ферари: Шарл Леклер, Карлос Саинц
Астон Мартин: Себастијан Ветел, Ленс Строл
Алпин: Естебан Окон, Фернандо Алонсо
Алфа Таури: Пјер Гасли, Јуки Тсунода
Алфа Ромео: Валтери Ботас, Гуанју Жу
Хаас: Никита Мазепин, Мик Шумахер
Вилијамс: Алекс Албон, Николас Латифи

Ова би можел да биде конечниот грид за новата сезона, но сепак има уште доста време. Засега не се најавени нови промени меѓу останатите возачи, па изгледа дека само Жу ќе дебитира и Албон ќе биде повратник во следната сезона. 

Инаку, од тековната остануваат уште три трки, а Макс Верстапен има 14 бода предност пред Луис Хамилтон.