• Сашо Поповски

Четирикратниот шампион во Форммула 1 шампионатот, Себастијан Фетел, најави пензија на крајот од тековната сезона.
Легендарниот Германец во изминатите неколку сезони беше дел од екипата на Астон Мартин. Претходно беше дел од Ферари, а најголемите успеси ги запиша во Ред Бул. 35-годишникот има освоено четири светски титули и 53 победи. Во импресивната кариера има 122 пласмани на подиумот.
Фoрмула 1 кариерата ја започна во БМВ Заубер, а потоа возеше уште и за Торо Росо, пред да се пресели во Ред Бул.