Официјално: Рено го презеде Лотус

Францускиот автомобилски гигант Рено, официјално го презеде Формула 1 тимот на Лотус и  со тоа го обелодени своето враќање во „најбрзиот циркус“ на светот, со договор до 2024 година.

За Рено, ова е повторно враќање во Ф1 трките по 2009 година, а беше присутен само како снабдувувач на мотори за тимовите, особено на Ред Бул тимот, кој имаше страшна доминација со моторите на Рено од 2010 до 2013 година. Шампиони во категоријата на конструктори беа во 1994 и 1995 со легендарниот Михаел Шумахер и повторно во 2005 и 2006 со Фернандо Алонсо.

Возачи во тимот на Рено за следната година ќе бидат Пастор Малдонадо и дебитантот Палмер.