ОФИЦИЈАЛНО: Потпис на денот во Ф1, Перез го засилува Ред Бул

Перез

Мексиканскиот возач Серхио Перез наредната година ќе вози во Ред Бул, откако денес стави потпис на едногодишен договор.

Талентираниот пилот најави пауза ако не пронајде вистински ангажман. На крај доби понуда и истата ја прифати, па во новата сезона ќе биде втор возач, зад Макс Верстапен.

Перез зад себе ја остави најдобрата сезона во Ф1 кариерата. Во генералниот пласман заврши на четвртата позиција, а успеа и да се израдува и на својата прва победа.

Ф1 сезоната започнува на 21 март со трката на ГН на Австралија, на патеката „Мелбурн Парк“.