ОФИЦИЈАЛНО: Мик Шумахер од следната сезона ќе вози во Формула 1!

Мик Шумахер, синот на Формула 1 легендата Михаел Шумахер, и официјално во следната сезона ќе дебитира во најбрзиот автомото спорт, откако сега веќе неговиот нов клуб Хаас потврди дека е постигнат повеќегодишен договор со младиот возач.

За младиот и талентиран 21-годишен возач кој оваа сезона бележи одлични резултати во Формула 2, имаше интерес од повеќе екипи, но во понудата најконкретен беше Хаас. Со доведувањето на Шумахер, американскиот тим сигурно ќе добие многу на квалитет,  но и на маркетиншки план, поради презимето на младиот возач. 

Шумахер јуниор моментално се натпреварува во Формула 2, каде вози за екипата на Према Рејсинг. Оваа сезона во 21 трки тој има единаесет подиуми и лидер е во генералниот пласман.