ОФИЦИЈАЛНО: Маркез не мрда никаде, останува во Хонда уште четири години

Маркез

Актуелниот Мото ГП шампион Марк Маркез ја продолжи соработката со својата екипа Хонда.

Шпанскиот возач ќе остане во тимот уште четири години и ќе се обиде да ја продолжи доминацијата. Новиот договор на шесткратниот Мото ГП шампион истекува во декември 2024 година.

Со својата Хонда, Маркез има остварено 56 победи, 95 пласмани на подиумот и 62 пол-позиции.

27-годишникот во претстојната сезона ќе ја дели гаражата со својот помал Алекс, кој лани ја освои Мото 2 титулата.