ОФИЦИЈАЛНО: Јуки Тсунода и во 2023 ќе вози за Алфа Таури

Алфа Таури потврди барем еден возач за следната сезона во Формула 1. Нов договор со вториот тим на Ред Бул потпиша младиот јапонски возач Јуки Тсунода. 

22-годишникот кој ја вози својата втора професионална Формула сезона успеа да се избори барем за уште една. Алфа Таури му дава едногодишни договори на младиот возач, со цел да го мотивира да работи напорно, да се докажува и напредува.

Тсунода досега возеше 38 трки во Формула 1, најдобриот пласман му беше четвртата позиција на финалната трка минатата сезона во Абу Даби. Иако немаше најдобар старт на својата кариера, младиот возач почна да напредува, имаше добри трки и Алфа Таури го награди со нов договор за 2023 година.