Официјално: Јагуар се враќа во автомобилските трки

Како што и претходно се најавуваше, Јагуар ќе се врати во автомобилските трки, потпишувајќи договор со Формула Е.

„Јагуар сака да се врати во авто спортот и на тој начин да го зголеми угледот на компанијата и да ги прошири своите бизнис пазари, особено во САД“, изјавуваат од британската компанија.

Првите луѓе на овој автомобилски бренд посебен акцент придаваат на зачувување на еколошката средина.

„Затоа ја избравме Формула Е. Тоа е идеално првенство за нас, има огромна гледаност во светски рамки, а акцентот е ставен на екологијата“.

Ова ќе претставува прво вклучување за Јагуар во автомобилските трки, уште од 2004 година, кога учествуваа во Формула 1 со давање на свои мотори, а во Формула Е, со свои мотори ќе го снабдуваат тимот на Трули.