ОФИЦИЈАЛНО: Хонда заминува од Формула 1 по крајот на 2021 година

Хонда

Екипата на Ред Бул потврди дека по наредната сезона Хонда нема повеќе да биде дел од Формула 1 возбудувањата.

Макс Верстапен ја оствари првата победа на јапонскиот бренд по 2006 година на ГН, искачувајќи се на највисокото место на пиедесталот во Австрија во 2019 година. Овој успех беше проследен со уште три победи и 13 подиуми на 31 трка.

Со заминувањето на Хонда, Формула 1 ќе остане само со три производители на мотори: Мерцедес, Ферари и Рено.

Компанијата најави дека оваа одлука нема да влијае на посветеноста за постигнување на заедничките цели поставени за остатокот од партнерството со Ред Бул до крајот на 2021 година.