ОФИЦИЈАЛНО: Формула 1 од наредната сезона ќе организира трка во Мајами

Мајами ГП

Формула 1 шампионатот од наредната година ќе се вози во Мајами. Денес беше потврдена десетгодишната соработка со патеката околу легендарниот „Хард Рок Стадиум“.

Настанот на Флорида се приклучува на календарот и ќе биде втор во Соединетите Американски Држави, по Големата награда на Остин.

Во соопштението стои дека патеката ќе биде долга над пет километри и ќе се состои со две зони каде можи да се користи ДРС-системот.

Мајами ќе стане единаесетто место во Соединетите Американски Држави, кое ќе организира формула 1 трка по Риверсајд, Себринг, Воткинс Глен, Лонг Бич, Лас Вегас, Детроит, Далас, Феникс, Индијанаполис и Остин.