ОФИЦИЈАЛНО: Фернандо Алонсо ќе учествува на трката 24 часа Дајтонa во 2018 година

Фернандо Алонсо Дајтона

Она што се шпекулираше во последните неколку недели, денес доби официјална потврда - Фернандо Алонсо ќе учествува во следното издание на трката 24 часа Дајтонa во 2018 година.

Шпанецот ќе се натпреварува со екипата „Јунајтед Аутоспорт“ заедно со двајца други пилоти, Ландо Норис и Фил Хенсон. Тоа ќе биде втор предизвик за Формула 1 возачот, по авантурата на патеката во Индијанаполис.

Сите предвидуваат дека Алонсо го користи ова натпреварување како подготовка за потенцијално учество на најпознатата трка во Франција, 24 часа Ле Ман.

Тој ќе ги направи првите тестови со својот автомобил од 5-7 јануари, а официјалната трка е закажана за 27 и 28 јануари.