ОФИЦИЈАЛНО: Ботас останува во Мерцедес и наредната сезона

Валтери Ботас

Финскиот возач Валтери Ботас ќе остане во екипата на Мерцедес и покрај сите шпекулации дека ќе си замине на крајот од сезоната.

Се зборуваше дека Себастијан Окон би можел да го замени Финецот како втор возач и клупски колега на Луис Хамилтон.

„Среќен сум што ќе ја поминам четвртата сезона во Мерцедес. Благодарен сум на сите кои имаат доверба во мене. Мојата цел е да станам шампион во Формула 1“, изјави 30-годишникот.

 Формула 1 шампионатот продолжува овој викенд со трката за Големата награда на Белгија.