ОФИЦИЈАЛНО: Алфа Ромео го замени Џовинаци со првиот кинески возач во Ф1

Италијанецот Антонио Џовинаци го загуби своето место во Формула 1 тимот Алфа Ромео, а неговото празно седиште ќе го пополни Гуанју Жу. 

22-годишникот со тоа ќе стане првиот Кинез кој ќе вози во најбрзото авто-мото натпреварување. Алфа Ромео од следната сезона ќе има целосно нов пар возачи, бидејќи Кими Раиконен заминува во пензија. Покрај Гуанју Жу во тимот ќе вози и финскиот возач Валтери Ботас. 

Жу доаѓа од Формула 2 каде што возеше за Виртуози Рејсинг. Во кариерата зад себе има три сезони во Ф2, со одлични пласмани. Жу во минатите две завршуваше како шести и седми, додека оваа сезона досега е втор. Веќе од следната ќе има шанса да се претстави и во побрзата и најквалитетна Формула 1.