Одложена и деветтата трка во Формула 1 шампионатот

И деветата трка од овосезонскиот распоред на Формула 1 шампионатот е откажана. Трката за големата награда на Канада, која беше закажана за на 14 јуни, и официјално нема да се одржи.

Пандемијата со коронавирусот зададе голем удар во најбрзото автомобилско натпреварување, а од раководното тело на Формула 1 информираат дека се прават напори да се пронајдат нови термини за одложените трки.

За да се состави новиот распоред, во предвид мора да се земат климатските услови на градовите домаќини, што во овој момент не му оди во прилог на раководството на Формула 1. 

Според најавите многу веројатно истата судбина ја очекува и трката за Големата награда на Австрија, која на програмата треба да биде на 5 јули.