Одлични квалификации за ПСС Рејсинг, Давидовски утре ќе стартува прв, а Џиролами втор!

Утрово на патеката Пол Рикард се одржаа квалификациите за двете трки во Франција во рамките на ТЦР Европа сериите. Македонскиот претставник ПСС Рејсинг имаше респектабилна претстава и најави дека ќе се бори за бодови на овие две трки. 

Во првите квалификации, за денешната трка од 16:40 часот Франко Џиролами ќе стартува од деветтата, а Виктор Давидовски од десеттата позиција. 

Сепак, далеку подобри квалификациски резултати забележаа за утрешната трка. Давидовски имаше најдобро време и ќе стартува прв, додека крај него во гридот ќе биде и Џиролами кој имаше второ време. 

Уште на тренинзите, возачите на ПСС Рејсинг покажаа дека сакаат добри резултати викендов, па останува да видиме како ќе се пласираат на крајот.