• Иван Димовски
Тимот на Ред Бул се огласи со официјално соопштение по повлекувањето на Макс Верстапен од трката за Големата награда на Кина во Формула 1.
Трката во Шангај му донесе двојна победа на Мерцедес, додека четирикратниот светски шампион Верстапен мораше да се повлече десет круга пред крајот. Холанѓанецот беше на шестата позиција кога од тимот доби наредба да влезе во бокс и да се откаже од трката.
Одлуката предизвика изненадување бидејќи Верстапен сѐ уште беше во борба за што подобар пласман.
Подоцна од тимот објаснија дека болидот имал проблем со системот за обновување на енергија и полнење на батеријата. Поради неможноста да се излади системот, Ред Бул решил да го повлече болидот од трката за да спречи поголеми оштетувања.