Од Мекларен до Мерцедес: Батон беше првиот, а Антонели последниот возач кој го искористи ДРС! (ВИДЕО)

Со завршницата на сезоната и официјално заврши ерата на ДРС (drag reduction system), кој беше активен од 2011 година.

Прв возач на патеките во 2011 година кој го искористи овој систем на една трка беше Џенсон Батон, за старт на ерата. Од Мекларен каде што тогаш возеше Батон и ја започна приказната, крајот дојде во Мерцедес.

По 14 години користење последниот кој го искористи ДРС системот за време на трка е Кими Антонели, кој имаше само четири години кога Батон првпат го искористи. Последното претекнување со овој систем беше на Ленс Строл од Астон Мартин.

Со ова заврши ерата на ДРС, бидејќи во сезоната 2026 ќе се влезе со нови регулации, изменети болиди и без подвижното крило кое се отвора за помал отпор на воздухот.