Од Ферари порачаа: Фетел не мрда никаде, ќе биде со нас и во 2020 година

Фетел

Ферари има сезона за заборав, а фановите вината за тоа ја гледаат во лошата форма на Себастијан Фетел. Германскиот возач никако не може да пронајде ритам и да биде конкурентен на некоја од трките.

И покрај тоа, шефот на екипата Матиа Биното, не гледа причина зошто тимот би правел драстични промени за наредната сезона.

„Имаме одличен пар возачи во кои мислам дека нема потреба да се сомневаме. И двајцата имаат договори со нас, па затоа тврдам дека Фетел ќе биде тука и наредната сезона.

Тој е експерт и секогаш добро знае да ги користи пневматиците. Секако дека не сме среќни кога ќе направи грешка како онаа во Силверстоун, но очекуваме набрзо да фати ритам и да реди посакувани резултати“ , вели Биното.

Ова не е првпат шефот на италијанската екипа да застане во одбрана на четирикратниот светски првак. Тоа го направи и пред трката во Унгарија кога исто така рече дека Германецот е првиот возач на иднината на Ферари.