Објавен Ф1 календарот за 2021: Рекордни 23 трки, отпадна настанот во Виетнам

Ф1

Формула 1 шампионатот го објави календарот на трки за новата сезона во 2021 година. На истиот има рекордни 23 настани, а само еден од нив не е потврден.

Виетнам отпадна и нема да дебитира во најсилното автомобилистичко натпреварување поради пандемијата со коронавирусот. Тоа остава празно место во април за кое ќе се разгледуваат кандидатури во наредниот период.

Пилотите ќе го направат долгоочекуваниот кам-бек на патеката „Зандворт“ во Холандија во септември, откако овогодишната организација беше откажана поради пандемијата.

Со 23 трки, овогодишниот календар ќе биде најдолг во историјата на натпреварувањето. Засега планот е да има ограничен број навивачи на трибините, колку што ќе дозволуваат условите во секоја земја.

Сезоната традиционално ќе започне во Мелбурн на 21 март, а ќе заврши на 5 декември во Абу Даби.