Ново откажување за Леклер, рутинско славје за Верстапен во Франција

Макс

Макс Верстапен искористи уште еден лош ден за Чарлс Леклер и запиша нова победа, овојпат за Големата награда на Франција.

Возачот на Ред Бул и бранителот на шампионскиот трофеј постојано беше зад ривалот од Ферари. Потоа влезе да менува гуми, а во меѓувреме возачот од Монако направи грешки и ја заврши трката. Тоа му овозможи на Холанѓанецот рутински да стигне до првото место.

Влегувањето на безбедносното возило го искористи Луис Хамилтон. Британецот од Мерцедес заврши втор, а пиедесталот го пополни неговиот клупски колега Џорџ Расел.

Серхио Перез извиси во битката за третото место, а одличен настап запиша Карлос Саинц, кој стартуваше од последното место, а на крај заврши петтопласиран.