Новитет во Ф1: Ќе се дава бод за возачот со најбрз круг на трката

Меѓународната авто-федерација (ФИА) пред стартот на новата сеозна во Формула 1 соопшти дека во најбрзиот автомото спорт ќе следат промени и дека ќе се воведе ново правило, кое ги радува возачите кои лани имаа најбрзи кругови на патеките.

Според новото правило, возачот кој ќе има најбрз круг на трката, ќе добие еден бод. Но, истото има две ограничувања, затоа што се вели дека возачот со најбрз круг треба да е меѓу десетте најдобри возачи, а истовремено да нема казни за нереди на патеката, или, пак, тимски санкции.

Новото правило ќе носи додатен 21 бод во актуелната сезона. Ф1-циркусот стартува на 17 март, со трката за ГН на Австралија во Мелбурн.