Новиот Мото ГП првак победи на само три трки сезонава

Неверојатна беше разврската на сезоната во Мото ГП, каде што титулата ја освои Хорхе Мартин. Шпанскиот возач на Прима Прамак Рејсинг успеа да ја добие драматичната битка со Франческо Бањаја на фабричкиот мотоцикл на Дукати. 

На последната трка за Големата награда на Барселона тој мораше да заврши најмалку осми за да дојде до првата титула во кариерата. Мартин на крајот финишира на третото место и се израдува на трофејот пред домашната публика. Многу интересно е дека од дваесет трки оваа сезона, Шпанецот победи само на три. 

Уште поинтересно е тоа што ланскиот првак Бањаја победи дури на единаесет, меѓутоа пак остана „пократок“ за десет бода (имаше 498, а Мартин 508). Двајцата имаа по шеснаесет подиумим меѓутоа шпанскиот возач беше далеку поконзистентен. 

На дури десет трки Мартин завршуваше на втората позиција, трипати беше трет, по еднаш четврти и петнаесетти, а само две трки не ги финишира. Од друга страна Бањаја трипати не заврши трка, па тоа на крајот се покажа како пресудно.