ФОТО: Новиот Мерцедес е шаренило од неколку бои

Формула 1 тимот на Мерцедес обелодени дека на 13 февруари на патеката „Силверстоун“ ќе биде промовиран новиот болид, обоен во чудна комбинација.

Шампионскиот тим  на Мерцедес на официјалниот профил на „Твитер“ објави фотографија на која се гледаат новите бои на предното крило. 

Апстрактна комбинација на сина, зелена и црна боја насловени како „Silver is so last season“ беа најавени како нов почеток на славниот формула 1 тим.  

Веќе пет дена со новиот болид, Мерцедес тестира на патеката во Барселона.