ВИДЕО: Новиот Формула 1 возач објави снимка како недолично допира девојка!

Никита Мазепин веќе беше промовиран во возач на Хаас за сезоната 2021, каде ќе вози заедно со Мик Шумахер. 

Иако сè уште не стигнал во најсилното тркачко друштво, рускиот возач се најде во центарот на вниманието поради голем скандал. Тој на својот Инстаграм профил објави видео од автомобил, на кое се гледа како јавно недолично допира девојка и притоа снима.

По скандалот веднаш се изјаснија од тимот на Хаас кои го осудија однесувањето на Мазепин: 

„Хаас не го одобрува однесувањето на Никита Мазепин во видеото кое беше објавено на социјалните мрежи. Освен тоа, самиот факт што тоа беше објавено е одвратно. Ситуацијата се решава интерно и не сакаме да ја коментираме“, напишаа од Хаас. 

Бројни светски медиуми веќе побараа исфрлање на Русинот од Ф1 екипата и скратување на можноста да се трка следната сезона, но засега таков потег нема во најава.