• Иван Димовски

Возачот на Ферари, Шарл Леклер има катастрофален старт на сезоната. Откако на првата трка во Бахреин неговиот болид откажа, сега викендов во Џеда ќе тргне со десет места казна.
Причината е истиот проблем од Сахир, односно проблеми со погонскиот систем, па Ферари ќе мора да искористи веќе трета батерија за хибриден систем, а дозволени се само две. Поради тоа, Леклер ќе добие десет места казна на пласманот од квалификациите в сабота.
Проблемите за Леклер и Ферари не запираат и новиот директор на тимот Фредерик Васур ќе има слични главоболки како неговиот претходник.
Трката за Големата награда на Џеда се вози в недела во 18:00 часот.