Нова жртва на релито Дакар

Уште една жртва на релито Дакар и одново не се работи за случај во текот на трката. Несреќата се случи во Кордоба, каде поминуваа помошното возило и колата на францускиот возач, Лионел Бо, кој веќе ја имаше напуштено трката. 

Несреќата заврши со еден мртов, од аргентинска националност и пет повредени лица. Случајноста е неверојатна, бидејќи токму Бо учествуваше во претходната несреќа на релито Дакар, во која животот го загуби 63-годишен маж. Тој настан се случи на етапата Ујуни-Салта.

Амбулантите веднаш пристигнаа на местото на несреќата и сеуште работат на закрепнување на повредените.