Нова пол-позиција на Антонели, и второто место за Мерцедес

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ја освои пол-позицијата на денешните квалификации за Големата награда на Јапонија, третата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Италијанецот, кој пред две недели во Шангај стана најмладиот освојувач на пол-позиција во историјата, забележа уште еден триумф во квалификациите со време од 1:28,778 минути.

Во борбата за пол-позицијата, Антонели беше подобар од својот клупски колега Џорџ Расел, кој заостана три десетинки од секундата. На овој начин, возачите на Мерцедес го комплетираа првиот ред во Јапонија за првпат од 2018 година. Најблиску до дуото на германскиот тим беше Оскар Пјасти од Мекларен.

Квалификациите несомнено беа обележани со елиминацијата на четирикратниот светски шампион Макс Верстапен. Во последните моменти, Холанѓанецот беше елиминиран во К2 од возачот на сестринскиот тим на Ред Бул, Арвид Линдблад.

Гран-прито во Јапонија започнува в недела наутро во 07:00 часот.