• Сашо Поповски

Од почетокот на новата година, се појавија шпекулации дека Мекларен ќе ја вози новата сезона со нова боја на болидот.
Минатата сезона, болидот беше обоен во сребрена боја, заради враќањето на Хонда, за на крајот Мекларен да додаде темна црна со Dayglo ефект. На тестовите, болидот беше покриен на средниот дел, што можеби го крие новиот спонзор на екипата.
Според информации кои доаѓаат од екипата, на вработените им е забрането да зборуваат и да споделуваат информации.