Нов пад на Мартин, Бањаја најбрз на спринтот во Индонезија

Патеката во Индонезија дефинитивно нема да биде на листата на омилени патеки на возачот во генералниот пласман во Мото ГП, Хорхе Мартин.

Откако пред една година падна од првото место и буквално ја подари победата на трката за ГН на Индонезија, денес историјата се повтори, овој пат на спринт трката.

Во неа Мартин водеше од пол-позицијата, но пред крајот на првиот круг се најде на земја и му дозволи на Франческо Бањаја да поведе и да ја води трката до самиот крај. Второто место му припадна на Енеа Бастианини, третопласиран заврши Марк Маркез.

Актуелниот шампион ја забележа петтата победа во спринт сезонава на патеката „Мандалика“.