• Саше Љолес
Италијанецот Кими Антонели забележа уште една победа во Формула 1 циркусот, откако денес ја совлада конкуренцијата на трката за Големата награда на Белгија, која се возеше на патеката Спа-Франкоршамп.
Антонели се прикажа во одлично светло, оставајќи ги зад себе Шарл Леклер од Ферари и Макс Верстапен од Ред Бул, кои исто така се искачија на подиумот. Четвртото место му припадна на легендарниот Луис Хамилтон, а петтопласиран на денешната трка беше Оскар Пјастри.
Со денешната победа, Антонели уште повеќе ја зголеми разликата во генералниот пласман (204 бода), втор е Луис Хамилтон (159 бодови), а Џорџ Расел се „лизна“ на третото место откако денес испадна од трката уште во првиот круг (154 бодови). Следната трка се вози во Будимпешта, за Големата награда на Унгарија.