Норис: Титулата ќе замине кај оној што помалку ќе греши!

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, во разговор со британските медиуми рече дека битката за шампионската титула сезонава е многу интересна и најави дека до крај ќе се бори за највисокото место на пиедесталот. 

Разликата меѓу Норис и Пјастри е само 16 бодови, а тоа значи дека меѓу тимските колеги владее големо ривалство и се очекува оваа борба уште повеќе да се разгори. 

„Мислам дека оваа сезона е многу интересна. Сите имаме своја цел, а јас знам дека можам да стигнам до титулата. Мислам дека шампион ќе биде оној што најмалку ќе греши на следните трки. Видовме дека Мекларен е кадарен за највисоки дострели.

Често сме на пол-позициите со мојот колега, па затоа сметам дека од самиот старт на трките мораме да бидеме максимално фокусирани. Ќе биде навистина интересно“, изјави Норис. 

Во моментов Пјастри има предност од 16 бодови пред Норис. До крајот на сезоната во Формула 1 остануваат уште десет трки.  

ФОТО/PHOTO: McLaren/Twitter/X