• Саше Љолес
Возачот на Мекларен, Ландо Норис,победи на трката „Хунгароринг“, која се возеше за Големата награда на Унгарија, вкупно единаесетта од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Британецот стигна до првата победа оваа сезона, а воедно и прва по освојувањето на шампионската титула минатата година. Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет заврши возачот на Мерцедес, Кими Антонели.
Трката ја одбележа и борбата за подиум на Луис Хамилтон. Рекордерот по број победи на „Хунгароринг“ доби казна поради пребрзо влегување во боксот, па на крајот заврши на петтото место, зад својот тимски колега Шарл Леклер.
Џорџ Расел, и покрај лошиот старт, успеа да напредува и да ја заврши трката на седмата позиција. Ова беше последната трка пред летната пауза во Формула 1.