• Мартин Танасковски
По спектакуларното возење од два часа во Мелбурн, Австралија, возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Австралија која е прва оваа сезона.
Норис по голема борба триумфира пред Макс Верстапен и Џорџ Расел од Ред Бул и Мерцедес. Следуваа Кими Антонели, Албон, Строл, Хулкенберг, Леклерк, Оскар Пјастре и Луис Хамилтон, кој ја комплетира Топ 10, а потоа Гасли, Кунода, Окон и Берман.
Трката беше големо разочарување за Ферари, посебно за Луис Хамилтон, кој најавуваше победа, едно време беше и прв, но по промена на гумите, едвај заврши на десеттото место и освои еден бод.
Следната трка во Формула 1 шампионотот е во Кина, а се вози на 23 март.