Норис: Неочекувана стратегија, но доволна за важна победа во Унгарија!

Ландо Норис не го криеше задоволството по триумфот на Големата награда на Унгарија. Возачот на Мекларен истакна дека имал огромна доверба во својот болид и дека темпото што го покажал на „Хунгароринг“ било едно од најдобрите во неговата кариера.

Британецот успеа да стигне до победата со одлична стратегија, останувајќи подолго на патеката пред второто влегување во бокс. Свежите гуми во завршницата му донесоа предност и му овозможија да се врати на првото место.

„Болидот беше фантастичен и се чувствував сигурно во секој момент. Не очекував дека стратегијата со подолг престој на патеката ќе ми донесе победа, но темпото ми дозволи да останам подолго и на крајот тоа се покажа како клучно“, изјави Норис.

Норис откри дека најтешкиот момент од трката бил самиот старт, кога загуби позиција од тимскиот колега Оскар Пјастри.

„Не знам точно што се случи на стартот. Неколку пати ми избега задниот дел од болидот и имав проблем со контролата. Оскар одлично реагираше и заслужено ме престигна. Веројатно излегов пошироко на нечистиот дел од патеката и ја загубив предноста“, додаде возачот на Мекларен.

За Британецот ова беше 12-та победа во кариерата и прва сезонава, откако претходно имаше пауза без триумф.