• Мартин Танасковски
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од првата позиција на Големата награда на Унгарија, 11-та трка од сезоната во Формула 1, откако беше најбрз во квалификациите на патеката „Хунгароринг“.
Британецот во самиот финиш на квалификациите му ја одзеде пол-позицијата на својот сонародник Луис Хамилтон, кој со Ферари беше на чекор до најдоброто стартно место. Норис до својата прва пол-позиција оваа сезона стигна со време од 1:17.207 минути, а воедно стана и првиот возач, покрај двајцата пилоти на Мерцедес, кој триумфирал во квалификациите во текот на сезоната.
Возачот на Мекларен беше побрз од Хамилтон за само 12 илјадитинки од секундата, додека третото место му припадна на Чарлс Леклерк со вториот болид на Ферари. Возачот од Монако заостануваше повеќе од две десетинки зад својот тимски колега. Лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, ќе стартува од четвртата позиција.
Трката за Големата награда на Унгарија е закажана за недела со почеток во 15:00 часот.