• Саше Љолес
Поранешниот шампион во Формула 1, Нико Розберг, изјави дека возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе биде главен кандидат за титулата следната година и смета дека Макс Верстапен нема да го освои трофејот петпати по ред.
Розберг рече дека Норис сезонава многу созреал и извлекол поука од грешките во минатото, нешто што може да го искачи на највисокото место на пиедесталот следната година.
„Не гледам причина зошто Норис не би бил главен фаворит за титулата. Не ги повторува грешките, има силен болид и одличен тим позади себе. Тоа е повеќе од доволен рецепт за успех, мислам дека може да ја освои титулата следната година.
Не знам дали Верстапен може петпати по ред да стане шампион. Тоа е тешко и огромно достигнување, но сепак мислам дека следната сезона ќе имаме нов првак. Им посакувам најдобри нешта на сите возачи, едвај чекам да започне новиот циклус“, изјави Розберг.
Ландо Норис е еден од подобрите возачи кои уште не ја освоиле шампионската титула. Годинава во авто-мото циркусот Британецот заврши на второто место во генералниот пласман, веднаш зад Макс Верстапен.