Нико Хулкенберг ги вози последните трки во Ф1?

Германскиот Ф1-возач Нико Хулкенберг по крајот на сезоната би можел да го напушти најбрзиот автомото спорт со оглед на тоа што ниту еден клуб, барем засега, не смета на него.

Рено веќе ја потврди поставата за наредната сезона, главни возачи се Рикардо и Окон, па Хулкенберг чекаше на Ред Бул. Но и од австрискиот тим речиси сигурно ќе добие негативен одговор, затоа што Верстапен е прв возач, а вториот ќе се бира од Албон, Гасли или Квјат.

Хулкенберг има уште две шанси, а тоа се Алфа Ромео и Вилијамс, кои се уште ги немаат потврдено тимовите. До крајот на сезоната има уште три трки, а тоа се во САД, Бразил и ОАЕ.