Ники Лауда повторно хоспитализиран во клиника во Виена 

Поради компликации предизвикани од грип, легендата на Формула 1 Ники Лауда, повторно е хоспитализиран во болница. 

Некогашниот пилот на Ферари и сегашен член на Мерцедес, сè уште влече проблеми од трансплатацијата на белите дробови минатата година, па поради сериозноста на настинката беше приморан да заврши во една клиника во Виена. 

„Моравме да го задржиме и неколку дена ќе ја следиме неговата здравствена состојба. Има вирусно заболување и затоа решивме да остане кај нас, бидејќи тука ќе ја добие потребната терапија побрзо да заздрави“, велат од клиниката. 

Според првичните информации Лауда под интензивна нега ќе остане во следните три дена, па потоа лекарите ќе одлучуваат кои мерки ќе бидат преземени.