Незадоволниот Лоренцо во преговори да се врати во Дукати

Хорхе Лоренцо

Шпанецот Хорхе Лоренцо никако не се снаоѓа во улогата втор возач во Хонда покрај светскиот шампион Марк Маркез.

Откако пристигна минатата година, трикратниот првак во Мото ГП класата реди очајни резултати. Од него, а и од блиску луѓе до него, постојано во јавноста излегува незадоволство кое не ги радува фановите.

Агентот на шпанскиот возач сега наводно е во преговори за негов кам-бек во Дукати. Се споменуваше дека тоа ќе се случи веќе наредната сезона, но најверојатно Лоренцо тоа ќе го направи во 2021 година.

Сигурно дека нема да ги добие оние 12 милиони по сезона кои ги заработува во Хонда. За него се очекува да има место со оглед на тоа што Данило Петручи и Андреа Довициозо набрзо ја завршуваат соработката со италијанската екипа.

Негов клупски колега би требало да биде Џек Милер кој од следната сезона ќе вози за Дукати.